0 коментари 3 мин. читање 24 октомври, 2018

AllWeb и оваа година со ограничен број на влезници за студенти

Студентите, и оваа година, имаат можност да бидат дел од единствената конференција во Македонија за дигитални комуникации, AllWeb. Ограничен број на влезници по поволна цена се веќе достапни за купување исклучиво онлајн, за настанот што ќе се одржи на 16 ноември во Скопје. Теми во фокусот се дигитална трансформација, приврзаноста кон брендови во дигиталната ера, иднината на медиумите, но ќе бидат опфатени и други аспекти од сферата на дигитални комуникации.

„Во денешно време на презафатеност и сè поголема опседнатост со социјални медиуми, речиси ја забораваме важност од личен контакт, размена на мислење во непосредна комуникација и вмрежување“-  вели Славица Биљарска, ко- организатор на конференцијата. „Конференциите нудат одлична можност за информирање, стекнување нови знаења, запознавање нови луѓе, но пред сè даваат можност за поврзување со бизнис лидерите во соодветната област. Имајќи го ова предвид, AllWeb се стреми да им помогне на студентите да го збогатат своето практичното знаење, но и да си го прошират портфолиото на професионални контакти, со тоа што им овозможува да се дружат со претставници од  компаниите, претприемчи, агенции за маркетинг и односи со јавноста и други практичари од оваа сфера“, додава Биљарска.

Форматот на конференцијата е комбинација  на презентации и панел дискусии, одлични говорници и содржина, и супер можност за професионално дружење. Во улога на говорници ќе се појават Роџер Едвардс, домаќинот на популарниот подкаст Маркетинг и финансии, Недим Шабич, експерт за оптимизација на Интернет пребарувачи, Горјан Јовановски, од Booking.com, Мет Десмајер, директор на компанијата за стратешки комуникации Wise Old Uncle, Драган Варагиќ, консултант за дигитална трансформација и автор на книгата Дигитален Пре-маркетинг, Алесандро Ангилеља, кој ќе зборува за трансформацијата на една од најголемите трговски корпорации кога се во прашање детските играчки, Пренатал груп и други. Организаторите очекуваат присуство на околу 300 учесници. Повеќе информации за содржината на конференцијата, говорниците и за билетите, се достапни на allweb.mk

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top