0 коментари 1 мин. читање

Познати датумите за идните Steam распродажби

И, како и секоја година, предвреме се дознаа датумите на трите поголеми Steam распродажби.

Па така, за првата од трите замислени распродажби нема да чекаме многу. Halloween распродажбата е од 29.октомври до 1.ноември. Неколку недели по тоа, ќе започне есенската распродажба, од 21 до 27 ноември. Месец дена по тоа, ќе стапи на сила најголемата распродажба. Steam Winter Sale ќе проба да ви ги земе тешко спечалените пари во периодот помеѓу 20.декември и 3.јануари.

Првите информации за распродажбите дојдоа од Skr Skr GVNG кој постави скриншот од датумите, со коментар дека никој не му забранил да го пренесе ова на Twitter, туку само да биде дискретен на Steam Community и неговите сајтови.

Што планирате да купите од распродажбите? Кажете нѝ во коментарите или на социјалните мрежи!

Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Мени
Заедница
Изглед
To top