Qualcomm го најави Snapdragon 675 процесорот кој ќе се користи за телефоните и таблет компјутери до средна класа. Процесорот доаѓа само неколку месеци откако компанијата го претстави Snapdragon 670.
Иако на прв поглед на спецификациите речиси и да нема разлика помеѓу двата процесори, Snapdragon 675 доаѓа со нова Kryo 460 микроархитектура, јави AnandTech. Процесорот доаѓа со два high-power Kryo процесори на 2 GHz, и 6 low-power процесори на 1,7 GHz.
Процесорот се фокусира во три области: гејминг, фотографии и вештачка интелигенција. Процесорот е оптимизиран за најголем дел од енџините за игри: Unity, Unreal, Messiah и NeoX. Според ветувањата Snapdragon 675 ќе обезбеди и повеќе од доволно фрејмови за игрите да „летаат“.
Процесорот овозможува фотографирање во сите услови. Ова пред сѐ e благодарение на Qualcomm Spectra 200 ISP. Она што е интересно е дека процесорот е оптимизиран за телефони со тројна камера.
Конечно вештачката интелигенција е надградена со нов повеќе-јадрен AI енџин. Сите чипови на процесорот Hexagon DSP, Adreno GPU и Kryo CPU се дизајнирани за подобра и побрза работа на вештачката интелигенција.







