Спонзорирано

Александар Гацевски: Симфони во облаците

Спонзорирано од Symphony Solutions

во ИТ Кариера, ИТ.МК, Спонзорирани

Симфони Солушнс се особено горди на вработените и нивните успеси ги слават како свои. Баш затоа сме среќни што нашиот колега Александар Гацевски учевствуваше во Суперфиналето на светскиот куп во Дисентис, Швајцарија кое траеше две недели во август, 2021 година. Александар се квалификуваше за купот откако стана финалист во Светскиот куп во Србија, 2021 година.

Суперфиналето ги собра шесте победници од осумтте последователни Светски купови, како и сите супер ѕвезди во параглајдерство и шампиони на суперфиналето од 2014 година, односно 103 пилоти вкупно. Тие се натпреваруваа во 7 различни задачи и поминаа повеќе од 500 км во оддалеченост на задачи, летајќи над карпестите врвови на Алпите. Дисентис ја пречека ѕвездената екипа параглајдери со Лук Армант, Шригел Маурер, Арон Дугорати, меѓу другите.

Во продолжение следи интервју на Симфони Солушнс направено со Александар…

Пред сè, честитки! Сите од Симфони навивавме за тебе! Да бидеш дел од Светски Куп мора да е многу возбудливо. Како ти го доживеа ова?

Досега, после секој натпревар се враќав дома со џебови полни со нови искуства, но овој пат, се вратив со полна торба нови вештини и искуства. Уживав во секој момент додека летав над швајцарските Алпи со најдобрите пилоти во светот.

Дали натпреварот беше тежок? Како се чувствуваше додека леташе со сите пилоти? Како е да се биде еден од најдобрите?

Не можам да кажам дека ми беше особено тешко, но дефинитивно беше специфично затоа што немам искуство во летање над Алпите.

Кој беше најголемиот предизвик?

Дефинитивно да останам жив J Летавме во турбулентни услови и честопати беше отежнатно и тешко.

По што ќе го памтиш овој Светски Куп?

По глетката. Ваква глетка може да се види само во срцето на Алпите.

Колку долго се занимаваш со параглајдерство? Што те привлекува во овој спорт?

Почнав да летам во 2003 година и оттогаш сум присуствувал во многу светски купови и европски шампионати како дел од националниот тим. За мене, тука може да се спортува само со срцето и ова има моќ целосно да ја трансформира личноста и карактерот со тоа што те тера да превземаш одговорности, да носиш храбри одлуки и да научиш што е трпеливост и како да реагираш во секунда.

Дали се сеќаваш на твоето прво летање?

Секако дека да. Прво, бев на тандем летање и после неколку недели почнав со почетнички курс. Се сеќавам за време на овие летови секогаш гледав надолу кон зградите.

Вистина ли е кога велат дека оние кои се занимаваат со овие “небесни” спортови, потсвесно сакаат навистина да летаат? Посакуваш ли и ти да можеш да леташ?

Секако дека би било супер да имаме крилја, но ајде, и еден параглајдериста не е толку лошJ

Истовремено нудиш тандем параглајдерство. Ти се допаѓа ли? Како е поразлично од самостојното летање?

Па, тоа е поинакво искуство затоа што за време на тандем летањето се зголемува степенот на безбедност и сум целосно фокусиран на патникот и неговото искуство. Откако ќе слетаме и ќе ги видиш колку се воодушевени, сфаќаш дека тоа е тоа. Од друга страна, моите самостојни летови се различни бидејќи сакам повеќе да се забавувам, и да дадам се од себе за подобар перформанс, но истовремено и многу истоштува, делумно не е толку безбедно и троши многу енергија.

Би се нарекол ли бестрашен? Сакаш ли да одиш на ризик?

Не, воопшто не можам да кажам дека сум бестрашен. Но, сум забележал дека ми помага да препознаам некои од моите стравови и како да се справам со истите без многу нервози.

Добро, од една страна во срцето го носиш овој екстремен спорт, а од друга страна пак, работиш како Information Security Officer – како се поврзани овие две работи?

Па, да. Во мојата работа секогаш се евалуираат ризициите, заканите, што може да тргне наопаку. Честопати истото се прави и со параглајдерството. Финтата е да се најде точката на правиот баланс.

Всушност, ти сакаш повеќе спортови и спортски активности. Кои би ги наброил?

Навистина е така. Освен летањето, многу трчам, скијам, нуркам и возам велосипед.


Би се согласил ли дека твојот активен животен стил ти помага во работата на било каков начин?

Дефинитивно, да. Спортувањето во природа и воопшто, да си дел од неа, ме прави посреќен а со тоа и ми ја олеснува и професионалната работа.

Што те мотивира на работа?

Како и секогаш, на прво место ми е слободата, а потоа разбирањето, флексибилноста, насмеаните колеги и менаџментот кој дефинитно добро ги препознава вистинските вредности

Кога најмногу се гордееш на работа?

Можеби кога ќе ги мотивирам колегите да направат повеќе отколку што мислат дека можат.

Што е она што те привлекува во оваа работа како Infosecurity Manager?

Навистина ми е чест и задоволство што придонесувам Симфони Солушнс да порасне на начин преку кој сите, вклучувајќи ги вработените, партнерите и клиентите, ќе сфатат дека сме совршениот фит за нив.

Што е следно? Какви планови имаш на професионално поле?

Би сакал да воспоставам стандарди за соодветна безбедност и заштита на податоци.

Ако не работеше во ИТ, што би работел?

Би бил мајстор за палачинки J

Ти благодариме,  Александар,  за ова супер инспиративно интервју. Ти посакуваме уште повеќе успеси како во твојата кариера така и во летањето!  

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Напомена:

Ова е комерцијален ПР текст закупен од страна на Symphony Solutions . IT.mk не сноси никаква одговорност за текстот и неговата содржина. Доколку сте заинтересирани да објавите промотивен текст, испратете го на [email protected]