0 коментари 2 мин. читање 18 октомври, 2021

Гејмерите ќе подразмислат пред да се префрлат на Intel Alder Lake

Ако сте љубители на некои постари игри можеби треба да размислите и да почекате подетални информации пред да го замените процесорот со Alder Lake. Интересна забелешка во документите за девелопери за Alder Lake пронајде Gamer Gospel.

„Ако вашата постоечка или идна видеоигра користи DRM софтвер, можеби ќе треба да го контактирате провадјерот на софтвер и да потврдите дали поддржува хибридни архитектури и претстојната платформа Intel ADL особено. Поради природата на модерните DRM алгоритми, можеби користи детектирање на процесорот и треба да бидете свесни за претстојните хибридни платформи. Intel соработува со водечките DRM провајдери како Denuvo за да обезбеди дека нивните решенија ќе ги поддржуваат нови платформи.“

Игрите кои доаѓаат со DRM заштита, како на пример Denuvo ќе мора да направат промени или нема да работат на процесорите од оваа серија. Причината за ова е неприлагоденоста на Denuvo за хибридниот дизајн на Alder Lake.

За најновите игри проблемот веќе се надминува, производителот на чипови веќе работи со DRM провајдерите. Со поновите игри ова веројатно нема да претставува проблем, ќе има надградба и игрите ќе работат нормално. Кај постарите игри веројатно ќе има поголеми проблеми. Тешко е да се поверува дека најпрво креаторите на DRM ќе ја променат заштитата за овие игри, а потоа и сите девелопери ќе ги надградат игрите со новата платформа.

Веројатно наједноставно решение за проблемот ќе биде за постарите игри во целост да се отстрани DRM заштитата. Ова нема да биде никаква новост, некои од девелоперите на видеоигри го прават ова редовно, за постарите игри. Дополнително продавници како GOG продаваат видеоигри без заштита.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top