Microsoft го промени начинот на активација на оперативниот систем за да понуди поедноставно инсталирање на оперативниот систем, но единствено откако ќе го инсталирате по првапат, вели ZDNet. Тоа што е променето е дека кодот од првата активацијата на Windows 10 се чува онлајн. Ова значи дека сите останати инсталации на еден компјутер во иднина ќе поминуваат без барање на клучот, а оперативниот систем автоматски ќе биде активиран.
Досега на секоја инсталација на оперативниот систем, корисникот испраќа клуч до сервер на Microsoft кој доколку по првиот пат го инсталирате на истиот компјутер, веднаш автоматски го активира. При првата инсталација клучот се испраќа до серверот кој го регистира компјутерот и клучот. При надградба од Windows 7 и Windows 8.1, се проверува дали е легална копија на Windows и ја регистрира во Installation ID. По ова корисникот може да прави што сака, дури и помали хардверски надградби, па дури и да го промени хардискот, а оперативниот систем автоматски се лиценцира.
Но, за сите што сакаат чиста копија на Windows 10 има едноставен трик вели ZDNet. Наместо да го надградувате Windows 7 или Windows 8.1, преземете Windows 10 ISO за вашата верзија Pro или Home и инсталирајте ја новата верзија. Трикот е сите фајлови и апликации да бидат избришани, а секоја следна инсталација ќе биде без потреба од внесување на клучот.
Единствена незгода која најверојатно ќе доживеат поголем дел од корисниците е промена на матична плоча. Секој друг дел на хардверот може да се надгради без проблем, а оперативниот систем ќе се активира, но по промената на матичната плоча корисникот ќе мора да побара реактивација преку телефон. За OEM компјутери ова значи дека по промената на плочата оперативниот систем не може да се префрли.







