ИТ настан: Ајде во Охрид на StartQube – Startup Camp

Организаторот на Codefest ги повикува сите стартап ентузијасти на нов настан – StartQube – Startup Camp. Станува збор за еднонеделен настан кој ќе се одржи на Велестево, Охрид, а ќе им биде од полза на сите кои планираат или размислуваат да креираат сопствен стартап. Целта на настанот е да донесе експерти ментори од Европа, успешни претприемачи и основачи на стартапаи, како и инкубатори и акцелератори кои ќе работат заедно со локалните учесници. Се планира настанот да се одржи од 30-ти август до 6-ти септември, но засега датата не е потврдена.

Од тоа што е најавено, знаеме дека предавањата во работилниците се од неформален карактер, а дел од предавањата се однесуваат на опредекѕвање дали постои интерес за продуктот, лоцирање на најдобрите карактеристики на продуктот, па се до пронаоѓање на првите корисници. Покрај едукативниот настанот има и можност за релаксација, па покрај петте дена кои се посеветени за обука и предавања, предвидени се и да дена за забава и рекреација: планинарење, спорт, забави тим билдинг и слично. Со оглед на тоа дека бројот на учесници на Start Qube е ограничен на триесет, заинтересираните можат да ја следат барем Facebook страната на настанот, за навреме да можат да се пријават.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments