Dungeons 4 e хумористична стратегија во која по четврти пат играте на страна на злото

Серијалот Dungeons постои повеќе од деценија. Првата игра излезе во 2011-та година. Развојното студио Realmforge Studios, во соработка со издавачите Kalypso Media, успеаја да осмислат уникатна, забавна и хумористична формула каде му служите на злото. Четвртата игра се надоврзува и ги надградува механиките на третата игра, нудејќи, притоа, нова приказна и проширен гејмплеј.

Dungeons 4 е достапна и преку Game Pass услугата на Microsoft.

Добро е да си лош!

Слично на тројката, вашата задача во Dungeons 4 e да направите зандана во која ќе поставувате објекти кои ќе ги задоволуваат вашите потреби и потребите на вашите суштества. Потоа, откако ќе се вдомите како што наликува, ќе можете да ја испраќате вашата армија, динамички да ја менувате мапата со вашето напредување и да им покажете на населението кој седи на тронот.

Динамичното менување на мапата е едно од најинтересните механики во Dungeons 4. На органски начин и во форма на визуелен спектакл, разеленетите шуми се заменуваат со опустошена територија која е како заштитен знак за вашата злобна страна. Паралелно со ова, потребно ќе биде да поставувате замки и да се браните од непријателските бранови кои ја користат секоја прилика да ја загрозат добро-состојбата на вашите суштества.

Заедно сме појаки… и полоши!

Dungeons 4 е значително подобрување на претходната игра. Има поголеми мапи (и до четири пати поголеми), како и многу повеќе суштества за извршување на вашите наредби, па дури и предизвикувачки мини босови кои на уникатен начин влијаат на изгледот на мапата на која се наоѓате.

Најдоброто во сево ова е што ништо не морате да правите сами. Преку одлично реализиран ко-оп, можете да навлезете во која било мапа не само од оние кои се на skirmish листата, туку и на сите мапи кои се дел од кампањата. Напредокот кој едниот играч ќе го направи, ќе биде регистриран и кај другиот играч, со што дополнително се охрабрува заедничкото дружење.

Dungeons 4 сепак не е игра за сите, особено кампањата која и премногу се труди да биде хумористична. Сервирајќи шега врз шега, едвај имате време да го процесирате тоа што го слушате. На моменти, или актерите лошо ќе ја презентираат шегата или пак ќе кажат нешто апсолутно неукусно и, како резултат, често може да се случи да превртувате со очите и да посакувате Dungeons 4 повеќе да ве остава да ги реализирате злобните амбиции во тишина.

Dungeons 4 е одлично оптимизирана, но не и добро избалансирана игра. Поради тоа, некои делови беа исклучително лесни, а некои болно предизвикувачки. И покрај ова, високиот квалитет е повеќе од очигледен и Realmforge Studios се има потрудено да не ги разочара децениски старите фанови кои уживаат во градење бази и имплементирање злобни тактики во реално време.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Realmforge Studios
  • Издава: Kalypso Media
  • Жанр: Стратегија
  • Платформа: Microsoft Windows, конзоли
  • Излезена на: 9 ноември 2023

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk