0 коментари 2 мин. читање 17 септември, 2014

CEED Tech најави 5 милиони евра за стартапи од Централна и Источна Европа

CEED Tech ќе ги поддржи стартапите од Централна и Источна Европа со 5 милиони евра грант од Европската Комисија. CEED, како конзорциум на пет стартап акселератори кои соработуваат веќе три години – Startup Wise Guys од Естонија, Digital Factory од Унгарија, Startup Yard од Чешка, Open Coffee Club од Литванија и The Spot од Словачка – има за цел да инвестира во најдобрите и најиновативните ИТ решенија од регионот.

Со помош на Европската Унија, CEED ќе им понуди до 30.000 евра на најдобрите стартапи и менторство во период од три до шест месеци, кога ќе ги обучат стартапите да ги реализираат идеите и да направат солиден бизнис план. По менторството, прифатените стартапи ќе можат да аплицираат за уште 250.000 евра, пишува Inventures.eu.

Првата рунда апликација е отворена до 15 декември, и сите регионални стартапи, вклучувајќи ги и македонските!, може да аплицираат тука. Следната рунда ќе започне во 2015-та година.

CEED Tеch веќе има стартувано 94 компании, кои успеале да соберат до 5 милиони евра капитал. Конзорциумот вели дека располага со 450 ментори и експерти кои се подготвени да „ги советуваат и тренираат амбициозните претприемачи со нивните проекти“ за собирање на податоци, облак решенија, аналитика, трансакциски технологии, е-трговија, B2B решенија, локациски сервиси и безбедносен сорвис. Конзорциумот е поддржан од Seventh Framework Programme на Eвропската Комисија.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top