Wikileaks објави копии од шпионскиот FinFisher, чии сервери се најдени и во Македонија

WikiLeaks објави копии од злонамерен софтвер кој може да се користи за напад и контрола на заразените уреди. Станува збор за софтверот FinFisher, креиран од германската команија Gamma Group International, кој се користи за следење и шпионирање. WikiLeaks издаде две претходно непознати верзии на FinFisher и FinSpy PC кој овозможуваат инфицирање на Windows и следење на Skype calls, имејл, видео и аудио од камерата и микрофонот. Целта на објавувањето,вели сајтот, е да ги запознаат луѓето со софтверот за да можат да изградат одбрана против него.

Основачот на Wikileaks, Џулијан Асанж, ја обвини Германија и нејзината канцеларка Ангела Меркел за лицемерие, бидејќи ги обвнинуваат САД за шпионирање, немаат никаков проблем со компанија која оперира од нивната држава, креирајќи злонамерен софтвер подготвен да се користи како оружје за следење на граѓаните. „FinFisher продолжува слободно да оперира од Германија, продавајќи софтвер на најопресивните режими во целиот свет. Владата на Меркел се преправа дека е загрижена за приватноста, но нивните акции не го велат ова“, обвини г. Асанж.

FinFisher софтверот може да се користи за набљудување на комјутери со OS X, Windows и Linux оперативен систем, како и за Android, iOS, Blackberry, Symbian и Windows Mobile уреди. Издавањето на софтверот иако носи опасност повторно да падне во погрешни раце, е за кревање на свеста кај граѓаните, како и можност за креирање на одбрана и детектирање од овој и слични софтвери од безбедносните експерти. За потсетување сервери на FinFisher се пронајдени и во Македонија.

[youtube]00DlMQVl3Xk[/youtube]

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk