Ако сакаат да летаат сопствениците на Note 7 во САД ќе мора да го остават телефонот дома

1 коментар 1 мин. читање

Федералната агенција за авијација на САД одлучи да забрани внесување на Galaxy Note 7 во авионите. Ова најверојатно ќе биде и последниот показател за оние корисници кои досега не го вратиле телефонот, да го направат тоа.

Телефонот не смее да биде кај патникот, во личниот багаж на патникот, но ниту во останатиот багаж. Ако некој патник го има телефонот во авионот, телефонот ќе биде веднаш исклучен, а авиопревозниците можат да им забранат и влез на патниците со Note 7. Казната за внесување на телефонот може да изнесува максимални 179.933 US долари.

Samsung побара од сите корисници да ги заменат телефоните за други уреди. Засега компанијата не успева да ги убеди сите корисници да го вратат својот уред. Samsung најави дека нема да има надградби за телефонот, а единствен налин да се користи безбедно е да се ограничи батеријата на 60 отсто од капацитетот. Компанијата поради повлeкувањето на телефонот ќе претрпи штета од 17 милијарди американски долари.

Се чини дека најголем добитник од невољите кои Samsung ги има со телефоните може да биде Google. Компанијата неодамна ги претстави Pixel телефоните кои се новите „high-end“ Android уреди.

samsung-galaxy-note-7-exploding-funny-reactions-25-57d947c74ee01__700

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед