3 коментари 2 мин. читање 12 октомври, 2016

Збогум Note 7, можеше да бидеш навистина најдобриот Android телефон

Заврши сагата за Galaxy Note 7. Samsung ги повлекува телефоните и престанува со производство на уредот. Со соопштение излезе и Samsung Македонија кој ги повика корисниците да ги вратат своите Note 7 уреди.

Компанијата повлече над 2,5 милиони продадени уреди. Ги менуваше уредите, но наскоро и променетите уреди имаа ист проблем, Телефоните беа самозапаливи. Се палеа на полнач, се палеа во џебови и ташни. На почетокот немаше жртви и тоа беше единствената среќна околност. Но наскоро се појавија и првите повредени корисници. Дури, сега авио компаниите на секој лет мора да потенцираат корисници на Samsung Galaxy Note 7 да се пријават и комплетно да ги исклучат своите телефони пред да започне летот.

Поради ова компанијата ги повлекува своите Note 7 уреди. Престанувањето на продажна на телефоните ќе го чини Samsung 17 милијарди долари, вели Reuters. Компанијата има 19 милиони Note 7 телефони, кои се продаваат за околу 900 долари, па оттука и процената на Reuters.

Повелекувањето на уредите и крајот на производството, наверојатно значи и крај за поддршката за уредот. Компанијта побара враќање на уредите, а како привремена мерка го ограничи капацитетот на батеријата на 60 отсто.

Ако сте сопственик на Samsung уред веднаш вратете го уредот. Телефонот сè уште е помеѓу најдобрите според карактеристиките, ако не и најдобар Android телефон на пазарот, но за жал не е безбеден за користење.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
3 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top