Српско-американскиот стартап Seven Bridges дел од планот на владата на САД за лек за ракот

Cancer Moonshot“ е проект на владата на САД со кој се обидуваат да пронајдат лек за ракот. Од неодамна дел од овој проeкт е белградско-бостонскиот стартап Seven Bridges.

Влезот на Seven Bridges во овој проект е откако владата на САД реши да ги обедини сите компании ширум светот од различни области кои работат на пронаоѓање на лек. Српскиот стартап работи на технологијата за чување и поврзување на овие податоци, истовремено овозожувајќи соработка на сите на проектот, јави Startit.rs.

„Веруваме дека профилирањето на крвта има потенцијал значително да ја подобри борбата со ракот. Како резултат на овој оптимизам напорно работиме да ја оствариме целта на заменик претседателот; да креираме прогрес за кои се потребни 10 години, за само 5 години.“, вели др. Питер Кан.

„Blood Profiling Atlas“ е обид за рано дијагностицирање на ракот, преку тестови на крвта. Понатаму лекарите во рана фаза на болеста ќе можат да одберат најдобар начин за лечење, во зависност од генетските информации.

Сега за дијагностицирање се користи биопсија, за жал, најчесто во подоцна фаза на болеста. Предложениот метод ќе го поштеди пациентот од инвазивна метода, и ќе овозможи многу порано да се дијагностицира болеста.

Делот на кој работи српскиот стартап е сервис во облакот кој ќе се користи како отворена база на податоци. Од Blood Profiling Atlas Analysis Cloud научниците од целиот свет ќе можат да пробираат податоци за анализа и да соработуваат на нови откритија.

Seven Bridges е започната од американецот д-р Дениз Курал и србинот Игор Богичевиќ. Компанијата има свои канцеларии во Белград (Србија), Кембриџ (САД), Лондон (Англија), Сан Франциско (САД) и Истанбул (Турција). Оваа година, компанијата се најде и на листата на 50-те најпаметни технологии направена од MIT Technology Review.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk