0 коментари 2 мин. читање 25 февруари, 2015

AirBnb ќе се промовира во Македонија преку Т-Mobile

AirBnb, сервисот преку која може да најдете привремено сместување, ќе биде преинсталирана на сите Android телефони кои ги продава T-Mobile. Договорот на AirBnb со Deutsche Telekom, сопственикот на македонски Телеком, ќе опфати 13 европски пазари меѓу кои Црна Гора, Полска, Хрватска, Албанија и секако Македонија.

Постои можност за новите корисници да добијат до 30 евра кредит за да го потрошат на сместувања преку AirBnb, пишува VentureBeat. Но, тоа нема да се однесува на постоечките корисници, и можеби таа промоција ќе зависи од секоја земја.

АirBnb стартуваше во 2008-ма година во Сан Франциско, и за брзо време стана една од најпопуларните апликации за наоѓање привремен смештај, од изнајмување на цели станови и куќи, до изнајмување соби или кревети. Апликацијата се користи и во Македонија и aко му се верува на пребарувачот на AirBnb има неколку стотици соби за изнајмување во земјава. Апликацијата секако е корисна за туристите, иако со договорот ќе се таргетираат македонските корисници кои можеби ќе ја користат за да најдат сместување во другите градови и држави.

[youtube]qxiBgfscCVw[/youtube]

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top