0 коментари 1 мин. читање 2 јули, 2014

Апликација на денот: Mountain е чудна игра во која набљудувате планина

Mountain е навистина чудна игра која пред се го поставува играчот во улога на набљудувач и чувар на планина. Всушнот единствен пат кога играчот има контрола е на самиот почеток на играта кога играчот треба да одговори на неколку прашања. Од овие прашања играта ја генерира планината и по нивното одговарање играчот останува во улога на набљудувач.

Анимацијата изгледа одлично, планината постојано се менува, растат дрва, паѓа снег, а врвот на планината постојано е скриен во облаци. „Не мислам дека Mountain треба да биде објаснета. Ќе има различно значење на различни луѓе и не можете да застанете на патот на нешто вакво“, вели креаторот на Mountain уметникот Дејвид О’Рајли за Verge. Г. О’Рајли е креаторот и на играта која ја играше Жоаким Феникс во сега култниот филм за вештачката интелигенција, Her.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top