АЕК со нов сервис кој ги споредува понудите од операторите

во ИТ.МК, Совети

Агенцијата за електронски комуникации изработи софтвер за Преглед на понуди чија цел ќе биде да ги заштити македонските корисници на телекомуникациски услуги. Според директорот на АЕК, Роберт Орданоски, благодарение на оваа услуга граѓаните сега ќе можат, со помош на унифицирани параметри и цени, на едно место, да го изберат пакетот на услуги од постоечките оператори, според средствата кои што ги имаат на расплагање.

„Ја воведовме услугата Преглед на понуди бидејќи сакаме во целост да им излеземе во пресрет на граѓаните и да ги заштитиме од можните замки, скриени трошоци и нецелосни информации, при избор на оператор од фиксната и мобилната телефонија, телевизија и интернет“, вели г. Орданоски.

АЕК оваа услуга ја постави на веб сајтот >www.komuniciraj.mk, и ги содржи сите понуди на сите оператори во мобилната и фиксната телефонија, на интернет провајдерите и радио и ТВ дифузерите. Покрај ова, корисниците на веб сајтот ќе може да поставуваат прашања за работата на Агенцијата која е должна да им одговори во рок од еден ден. Корисниците исто така ќе можат да доставуваат приговори и во електронска форма.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
@goranmitev
14 years ago

Нецелосни и лошо презентирани информации, и грешки во апликацијата. Да се измачи човек за да дојде до информација.

Зоки
Зоки
14 years ago

А банер за ова ќе стават ли на Курир?