Среќа што не го купивме Yahoo во 2008, вели директорот на Microsoft

во Веб, Свет

Стив Балмер со својата искреност му зададе уште еден удар на Yahoo, кој е всушност партнер на Microsoft. Г. Балмер на Web 2.0 Summit изјави дека „знаете времињата се менуваат… понекогаш сме среќни“ за тоа што Yahoo во 2008 година ја одби понудата на Microsoft од неверојатни 44 милијарди долари.

Ко-основачот Yahoo, Џери Јанг во мај 2008-ма го убеди бордот на компанијата да го одбијат Microsoft. Веднаш потоа се случи колапсот на светската економијата, и иако ИТ компаниите не беа којзнае колку зафатени од падот на економијата, сепак соочен со јака конкуренција на неколку фронта Yahoo започна да бележи се повеќе загуби и да влегува во криза иако сега Yahoo сепак вреди 19 милијарди долари.

Еден дел од проблемите за Yahoo е растот на друштвените мрежи, поточно Facebook, кој зграби огромен дел од визуелните реклами, и секако постојаната доминација на Google на пазарот на интернет пребарувањето каде Yahoo своевремено беше голем играч. Yahoo сепак продолжува да биде релевантен портал за рекламирање во САД од каде доаѓаат најголемите приходи, но сепак неговата важност се повеќе се намалува. Неодамна, беше отпуштена и екс-директорката Керол Бартц по само две години откако не успеа да ја врати стабилноста во компанијата.

Во 2009-та, Microsoft стана партнер со Yahoo. Со соработката Yahoo го прифатија Bing на Microsoft како енџин за пребарување и предаде дел од технологијата за пребарување на Microsoft, додека за возврат добија голем дел од заработувачката од рекламите кои ќе бидат закачени покрај резултатите од пребарувањето.

Подолу е целото видео од разговорот со Стеве Балмер со Web 2.0 Summit во кое тој зборува за Skype, за друштвените мрежи за кои тој вели дека нема да го следат примерот на Google и да креираат своја мрежа, за бизнис веб алатките кои во битката со Google „победуваат, победуват, победуваат“.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
1 Коментар
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
асд
асд
13 years ago

печатна грешка во насловот!