0 коментари 4 мин. читање 15 март, 2023

IT.mk стартува Discord сервер

IT.mk, како најголема ИТ заедница во Македонија, стартуваше официјален Discord сервер. Серверот е наменет за дискусија, дружење, вмрежување и забава, со примарен фокус за приближување на медиумот кон т.н. генерација Z, но секако и за сите останати.

Серверот е структуриран со повеќе канали: 

  • Денешни IT новости – Канал наменет за следење и дискутирање на дневните ИТ случувања – IT.mk/sodrzhina.  
  • Прашања и одговори – Канал, наменет за поставување на прашање, консултација за одреден IT проблем и слично. 
  • Актуелно на IT форум – Канал наменет за актуелните случувања на активностите на ИТ форумот – IT.mk/forum 
  • Вештачка интелигенција – Канал наменет за дискусија за вештачка интелигенција, машинско учење и слични поврзани теми. 
  • Крипто – Канал наменет за дискусија на актуелните новости и трендови во светот на криптовалутите. 
  • Програмирање – Канал наменет за дискусија за програмски јазици, софтверски алатки, техники за кодирање и се друго што е поврзано со програмирање. 
  • Гејминг – Канал наменет за дискусија за вашите омилени видео игри, поврзување со други гејмери и следење на сите новости поврзани со гејминг. 
  • Студенти – Канал наменет за дискусија помеѓу студенти кои се на ИКТ студии, 
  • Smart home и автоматизација – Канал наменет за дискусија за новините за технологијата за автоматизацијата на дом, вклучувајќи паметни уреди за дом, безбедносни системи за дом и слично. 
  • Огласи за IT кариера – Канал наменет за IT пракса, вработување или хонорарна работа. 
  • IT настани – Канал наменет за информирање за настани – IT.mk/kariera
  • Мемиња и IT хумор – Канал наменет за најразлични ИТ мемиња, забавна содржина и слично 
  • IT маркет – Канал наменет за разгледување, дискутирање и купување на предмети од маркетот на IT.mk – IT.mk/market 
  • IT ретро – Канал наменет за дискусија поврзана со ИТ носталгија – ретро предмети, објави, статии и слично. 

Зошто Discord?

Discord стана популарна платформа за комуникација меѓу Generation Z, демографската група родена помеѓу средината на 1990-тите и средината на 2000-тите. Оваа генерација порасна во свет кој се повеќе се поврзува преку технологијата, а Discord им обезбедува простор каде што можат да комуницираат и да соработуваат со своите врсници на глобално ниво. Во суштина, Discord е реинкарнацијата на mIRC.

Една од причините зошто Discord е толку популарен меѓу Generation Z е тоа што е многу приспособлив. Корисниците можат да креираат свои сервери, канали и улоги, што им овозможува да ја прилагодат платформата на нивните специфични потреби и интереси. Оваа флексибилност го направи Discord центар за посебни заедници, како што се игри, аниме и музика, каде што истомислениците можат да се поврзат и да се вклучат во дискусии. Понатаму, Discord стана центар за креативно изразување на новите енерации, корисниците можат да ги споделуваат своите дизајни, музика и други креативни дела на платформата, да добиваат повратни информации од врсниците и да соработуваат на нови проекти. Ова го направи Discord важна платформа за новите дизајнери, дигитални уметници, девелопери, гејмери, музичари и создавачи на содржини. 

Во продложение некоку статистики според Cloudwards:

Credits: cloudwards
Credits: cloudwards
Credits: cloudwards
Avatar photo
Напишано од

Љубомир Давитков

Љубомир Давитков е автор соработник на IT.mk, софтверски инженер, а во слободно време пишува tech блогови и вежба карате.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top
{title}