Adobe ја купува Figma за 20 милијарди долари

Avatar img-thumbnail img-circle

во Вести

Во веројатно најголемата зделка од светот на алатките за дигитална креатива оваа година, Adobe објави дека ја купува Figma. Креаторот на Photoshop ќе плати 20 милијарди долари за еден од своите најголеми конкуренти. Веста најпрво ја објавија Wall Street Journal и Bloomberg, а веќе се достапни и официјални соопштенија од Adobe и Figma.

Сумата од 20 милијарди долари ќе биде исплатена половина во кеш и половина во акции. Интересно инвеститорите на Adobe не се воодушевени од зделката и акциите на компанијата по објавувањето на веста паднаа 12%. Можеби една од причините за падот е најавата дека Adobe можеби ќе земе заем за да го финализира купувањето. Истовремено ниту предвидувањата за заработката во следното тримесечје не се премногу добри. Компанијата во следните 3 месеци очекува 4,52 милијарди долари.

Алатките на Adobe се одлични за цртање, илустрации, креирање фонтови, видео или 3Д. Од друга страна Figma има предност кога колаборацијата и заедничкиот дизајн и прототипирање се во прашање. Предизвикот во следниот период ќе биде токму да се „спојат“ алатките на Adobe со работата во облакот на Figma.

Adobe официјално не ги објавил своите планови за Figma, иако веројатно ќе сака да ги додаде на Adobe Creative Suit. Според најавата на основачот на Figma, во прво време нема да има никаква промена во начинот на кој Figma ќе оперира. Сервисот ќе работи автономно како дел од Adobe,  а нема да има ниту промена во висината на претплатата. Дополнително едукативната верзија на алатката останува бесплатна.

„Adobe е посветен Figma да продолжи да работи автономно. Јас ќе останам извршен директор, и ќе работам под Дејвид Вадвани. Дејвид го познавам неколку години и имаме силно меѓусебно почитување…

Планираме да продолжиме да ја водиме Figma на начинот на кој и досега ја водевме Figma – продолжуваме да го правиме она што веруваме дека е најдобро за нашата заедница, нашата култура и нашиот бизнис“, вели Дилан Филд, директор на Figma.

Figma е основана пред 10 години од Дилан Филд и Еван Валас. Главниот производ кој го нудат е истоимена веб апликација за дизајн и креирање на интерфејс. Основната идеја уште во почетокот на развојот на Figma беше да им овозможи бесплатна едноставна и креативна алатка во прелистувач. Основачите својата компанија во почетокот ја претставувале како „технолошки стартап кој ќе им овозможи на корисниците креативно да се изразат онлајн“. Во 2012 Дилан Филд доби инвестиција во висина од 100 000 долари од „Thiel Felowship“-програмата, која им овозможи во целост да се фокусираат на компанијата. Од декември апликацијата беше достапна во „бета“ верзија, а од септември 2016 Figma е јавно достапна.

Photo by Team Nocoloco on Unsplash

Својата популарност Figma ја должи на едноставноста за користење на алатките и на леснотијата со која може да се соработува. Софтверот излезе во период кога колаборацијата во ИТ индустријата беше растечки тренд, а UI/UX дизајнот не беше исклучок. Секако тоа што алатката е бесплатна придонесе за популарноста, иако „Team“ верзијата овозможува неограничен број на проекти, тим библиотека и интеграција со Slack.

Сепак и покрај популарноста на Figma процената на вредноста значително рипна последната година. Во јуни 2021 Figma беше проценета на 10 милијарди долари, а во овој период имаа 4 милиони активни корисници низ целиот свет.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Daniel
Daniel
2 years ago

Не ви е јасно изгледа дека Adobe XD е алатка слична на Figma и Figma беше бесплатна алтернатива на Adobe XD.

види ги сите огласи на kariera.it.mk