По повод прославување на својот 3ти роденден и како знак на благодарност за поддршката која што ја добива од локалната ИТ сцена, македонскиот стартап Адева ќе додели еден билет за претстојната Ларакон ЕУ конференција која што ќе се одржува во периодот од 30 до 31 Август, во Амстердам.
Ларакон ЕУ е единствениот најголем собир на Ларавел програмери и ентузијасти во Европа и преставува одлична можност за да се остане во тек со трендовите на технологијата и да се разменат искуства во областа.
За оваа награда можат да се пријават сите PHP програмери од Македонија, а еден среќен добитник ќе биде извлечен по случаен избор по завршувањето на апликативниот процес.
Пријавете се за учество во наградната игра на следниот линк.
Апликациите може да се поднесуваат до 28ми јануари, недела во 23:59 часот.
Официјалното извлекување на добитникот е на 29ти јануари, понеделник, а часот ќе биде дополнително објавен.







