0 коментари 2 мин. читање 25 јануари, 2018

Arsenal FC ќе промовира крипто валути

Англискиот премиерлигаш Arsenal F.C. е првиот фудбалски клуб кој влегува во светот на крипто валутите. Фудбалскиoт клуб ќе промовира дигитални токени на американската гејминг компанија CashBet, јави Reuters.

Arsenal ќе биде ексклузивен и официјален партнер на обложувалниците. Компанијата се подготвува за првиот „initial coin offering“ (ICO). CashBet работи на криерање на софтвер кој ќе им овозможи на корисниците да се обложуваат со крипто валути.

„Се радуваме на соработката со CashBet додека ја лансираат својата крипто валута“, вели Винаи Венкатешам, комерцијален директор на фудбалскиот клуб.

Засега е не е сосем јасно што ќе добие фудбалскиот клуб Arsenal. Сепак, обложувалницата ќе добие реклами на стадионот Emirates и ќе може да го користи името на клубот за рекламирање.

Дали новото партнерство ќе им помогне на двете страни ќе треба да почекаме и да видиме. Arsenal е еден од најуспешните клубови во Премиер лигата, но во моментот клубот е на 6 место во лигата.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top