4 коментари 1 мин. читање

YouTube бара од НоваТВ да цензурира видео од студентските протести

<Надополнето> Андреј Т. во коментарите остави добра забелешка дека пораката од YouTube е само автоматско предупредување дека имало поплака за видеото и дека треба да се разгледа. Ако видеото остане на сервисот, тогаш ќе биде прегледано од тимот на YouTube кои најверојатно нема да најдат ништо спорно. </надополнување>

НоваТВ се пожали дека YouTube, по поплака од Македонија, сака да им цензурира видео од студентските протестви во кое се гледа апсење на студент, но не и нешто спорно и контроверзно. Видеото ги прикажува студентските протести против екстерното тестирање во високото образование.

Во мејлот кој им го пратил YouTube како објаснување, од 12:45 минута до 16:14 минута се прикажуваат снимки кои ја нарушуваат приватноста. YouTube вели дека имале поплака за видеото, но не откри од кого е поплаката, дека тој дел од видеото е против правилата на видео сервисот, без конкретни детали зошто оваа видео е спорно. Од тоа што може да се види во видеото нема ништо спорно околу приватност, бидејќи прикажува јавни протести на студентите, и видеото е новинарски извештај. Затоа НоваТВ се изјасни дека нема да го тргне видеото од YouTube бидејќи е од „јавен интерес“ и доколку биде тргнато од сервисот, НоваТВ ќе го хостира на своите сервери.

Спорното видео е подолу:
[youtube]Ll4RERLNf2o[/youtube]

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

4 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top