0 коментари 2 мин. читање 12 ноември, 2014

Тим Кук зборува за Apple Pay, Apple Watch и бизнис услуги

Тим Кук ги предупреди продавниците кои не го користат Apple Pay дека ќе ја пропуштат технологијата. „Ќе бидете релевантни единствено доколку ја користите технологијата која корисниците сакаат да ја користат“, вели директорот на Apple во интервју за Wall Street Journal.

Ова пред се е наменето за CVS и Rite кој одбиваат да го користат Apple Pay. Компанијата сè уште најголем дел од парите ги заработува од продажбата на iPhone околу 90 милијарди од 180 колку што е вкупната заработка, но г. Кук потсети дека компанијата има инвестиции од 18 милијарди долраи во софтвер и услуги, кои често не ги забележуваме. Што се однесува до Apple Watch, компанијата не се сомнева дека не смеат да издадат куп часовници за гикови и да се надеваат дека ќе бидат успешни, па поради ова компанијата морала да се посвети и на модата.

Кога се во прашање усугите, Apple неодамна започна соработка со IBM и заедно ќе креираат апликации за коорпоративните клиенти и ќе ги продаваат на iPhone, iPad и iPod. Компанијата започна соработка и со Service Max и Plan Grid кои имаат поголемо искуство во креирањето апликации за коорпорациите во САД.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top