0 коментари 2 мин. читање 28 октомври, 2014

Како да пријавите говор на омраза на Интернет во Македонија?

(Текстот е преземен со дозвола од NeMrazi.mk. Стоп за говорот на омраза на Интернет e проект на фондацијата Метаморфозис)

Откако во февруари 2014 година со измените на Кривичниот законик во Македонија стапија во сила новите законски одредби кои забрануваат и казнуваат говор на омраза и ширење на материјали преку Интернет кои поттикнуваат омраза, дискриминација или насилство, граѓаните овие појави можат да ги пријават во Министерството за внатрешни работи.

Доколку на Интернет се соочите со говор на омраза односно со говор кој е пристрасен, непријателски, злонамерен, насочен кон еден човек или група луѓе поради некои карактеристики кои ги имаат или кои им се припишуваат дека ги имаат, во Македонија можете да го пријавите на три начини.

  1. Со пријавување на истиот во најблиската полициска станица
  2. Со јавување на дежурниот телефон 198
  3. Со испраќање мејл на адресата [email protected]

Пријавувањето можете да го направите и анонимно, а вашата пријава од надлежните служби понатаму ќе биде проследена до јавниот обвинител кој потоа го решава тоа по законски пат.

Според измените на Кривичниот законик и членот 394 казните можат да бидат од една до десет години затвор.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top