0 коментари 1 мин. читање

Дознајте како би можело да изгледа вашето бебе со babyAC

babyAC e веб сајт и апликација преку која можете инстантно да добиете увид во тоа како би можело вашето бебе да изгледа. Она што треба да направите е да поставите фотографија за мајката и фотографија за таткото. Потоа, вештачката интелигенција, која е напојувана од StyleGAN, ќе ги анализира лицата на родителите и ќе покаже како изгледа лицето на бебето.

Никако не препорачуваме ниту сајтот ниту апликациите да ги сфатите озбилно. Повеќе ни делуваат како интересна занимација во слободно време и можност за извлекување насмевка – две. Сликата на бебчето, или детето од поголема возраст (како седум години), може да биде генерирана за да повеќе наликува на таткото или мајката. Доколку се логирате, ќе можете да експериментирате пет пати дневно. Не препорачуваме да одите со платежни опции бидејќи имаме забележано дека многу корисници не се задоволни од премиум услугите. Многу не се задоволни ни од бесплатните затоа што често или пријавува грешки или бара да чекате одреден период. Но, како што кажавме, за невино и забавно експериментирање, babyAC е доволно интересно за да го препорачаме.

Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Мени
Заедница
Изглед
To top