0 коментари 2 мин. читање 12 мај, 2023

ИТ настан: WITCON, tech конференција на 20-ти мај во Скопје организирана од Women in Tech Macedonia

Women in Tech Macedonia ја спрема својата најголема конференција до сега, која ќе се одржи на 20-ти мај 2023 година, од 09:30ч-16:30ч во хотел Мериот. 

WITCON е конференција чијашто главен фокус и цел е технологијата и иднината. Преку експертски разговори и панели, говорници-професионалци од индустријата ќе ги споделат своите искуствата на актуелни теми во ИТ индустријата во последните неколку години, предизвиците со кои компаниите се соочуваат и како ги решаваат истите. 

Оваа конференција не е наменета само за жени и девојки, туку е наменета за сите кои се заинтересирани за најновите технологии и иновации. На WITCON Tech Conference оваа година ќе го присуствуваат повеќе од 200 учесници и ќе го чуеме мислењето на повеќе од 20 говорници од Македонија и регионот.

Ќе бидат дискутирани трендовите во индустријата и ќе се разговара и за што е следно може да се очекува. Говорниците ќе го пренесат своето професионално искуство и успешни приказни креирани од долгогодишна работа со светски компании во Македонија и регионот на конкретните теми. 

За време на оваа конференција ќе има изложување и на најнови технолошки продукти, VR/AR направи и роботи кои зборуваат и промовираат.

Не ја пропуштајте можноста за целодневна конференција со најнови трендови во технологија и можност за нетворкинг. Резервирајте карта на https://www.bileti.mk/e/WITCON1

Следете го настанот каде секојдневно има најава на говорници и теми, станете дел од заедницата на Women in tech Macedonia и следете ги нивните социјални мрежи за повеќе детали за конференцијата, кои ќе бидат објавени наскоро на Facebook, LinkedIn и Instagram


Disclaimer: IT.mk е медиумски спонзор на конференцијата.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top