0 коментари 3 мин. читање

IT.mk 1337 Giveaway #10: Безжична тастатура Logitech MX KEYS + Бонус подароци

Една од придобивките на читателите кои ќе се решат да го поддржат IT.mk со 1337 премиум членство е и учество во рандом месечен giveaway, во кој доделуваме вредни награди. Секој месец доделуваме по еден подарок, а изборот се врши на 15-ти во месецот кога се прави избор од листата на активни 1337 членови преку Random.org.

Подарокот за овој месец е: Безжична тастатура Logitech MX KEYS Graphite Unify, w/Bluetooth 920-009415

Ова парче хардвер е омилената тастатура на скоро цела редакција на IT.mk и топло ја препорачуваме.

Моменталната регуларна продажна цена за овој уред на IT.mk/market е 6.100 денари, додека за Basic членови со попуст е 5.880 ден, а за 1337, цената со попуст изнесува 5.610 ден. Производот е достапен за нарачка во ИТ маркет.

Но тоа не е сè! Има и бонус подароци за сите премиум членови!

Овој јубилеен 10-ти giveaway носи изненадувања и за Basic членовите! На иницијатива на Domotika.mk, овој giveaway има и втора тура подароци, односно еден цел сет на производи! Сетот од Aqara производи ќе биде извлечен заедно со 1337 giveaway-от, а во него ќе учествуваат сите премиум членови (Basic + 1337, вклучително и претходните добитници).

Дополнителните подароци во овој giveaway се:

Aqara Hub M2 + Aqara сензор за движење + Aqara сензор за температура и влага

Domotika е компанија која е специјализирана за увоз, продажба и имплементација на Smart Home или IoT уреди, смарт системи за контрола на внатрешно и надворешно осветлување, греење/ладење, дојава на пожар/поплава/кражби (смарт алармни системи), смарт видео надзор, контрола на пристап итн. Компанијата овозможува решенија кои нудат локално, далечинско и гласовно контролирање а вашиот проект е реализиран целосно и професионално од типот “сè на едно место”, во многу краток рок од страна на сертифицирани и искусни монтери, со загарантиран сервис обука и “after sales” поддршка за уредите и инсталациите кои ги нудиме.

Домотика е воедно официјален увозник и дистрибутер на брендовите Aqara, Tedee, Netatmo и Shelly во Република Македонија. Дознајте повеќе на domotika.mk


Добитникот на овој подарок ќе биде прогласен во 13.37 часот на 15-ти септември во следнава тема на ИТ форумот.

За да не ја пропуштиш можност да го добиеш следниот подарок, поддржи ја работата на IT.mk со премиум членство и учествувај во месечните giveaways! Премиум членството на IT.mk нуди и многу повеќе, а деталите можеш да ги дознаеш тука.


Претходни подароци

Досега се доделени следниве награди:

Не си премиум член уште?
Поддржи го IT.mk и вклучи се во месечните giveaways покрај другите придобивки.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top