1 коментар 1 мин. читање

ExtPassword! ги открива сите лозинки кои се складирани во екстерни дискови

ExtPassword! е најновата алатка на талентираното студио NirSoft со која можете да ги извлечете лозинките кои се складирани во екстерни дискови, како и USB стикови. Паралелно со ова, алатката без проблем ќе ги извлече и сите клучеви за регистрација што ќе ги најде, заедно со лозинки за приклучување на мрежи, па дури и Windows безбедносни прашања и нивни одговори!

Откако ќе ја преземете ExtPassword! од официјалниот сајт, потребно е да извршите екстракција од компресираниот фајл, па потоа да го покренете програмот. Преку ново отворениот прозорец, кликнете на Run as Administrator, изверете ја буквата на драјвот што сакате да го скенирате од паѓачкото мени и кликнете ОК.

External Drive Password Recovery For Windows

По краткотрајниот скен, сите лозинки и чувствителни податоци, како горе-споменатите, ќе бидат прикажани во листа. За да добиете повеќе податоци, десен клик на некој детал од листата, па изберете Properties.

Како што сигурно си претпоставувате, ExtPassword! не би требало да има проблеми и за лоцирање лозинки во каков било хард диск, а не само во екстерните. За да скенирате и извлечете чувствителни податоци од внатрешни дискови, потребно е да кликнете на менито Options, па ExtPassword Options и од тука да изберете друг драјв.

Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top