0 коментари 2 мин. читање 5 ноември, 2021

Разговор.мк додаде дигитален дневник за корисниците самите да го следат своето расположение

За да го олесни следењето и промените во расположението на корисниците, платформата Разговор додаде нова функционалност „Mood Journal“. Корисниците ќе можат секоја промена во своето расположение да ја забележат во дигитален дневник.

Додавањето на податоци во дневникот е едноставно и се прави со 3 клика. За секој евидентиран податок корисникот треба да одбере како се чувствува и активност која придонела за тоа.

Апликацијата има креирано скалило на расположение кое е едноставно да се користи. Ужасно, Тажно, Онака, Добро или Супер. Постојат и над 28 различни активности. На пример, „ТВ и серии“, „Романтичен состанок“, „Чистење по дома“, „Советување”.

Mood Journal овозможува детални извештаи и аналитика за расположение и активности преку графици и листи за одреден временски период. Податоците ќе можат да се споделат и со психолог што ќе овозможи прецизно да ги детектираат навиките кои корисниците сакаат да ги променат кај себе

Разговор.мк е платформа која на своите корисници им помага да го негуваат своето ментално здравје преку брз, едноставен и анонимен пристап до психолози и советувачи. Пристапот до психолозите е онлајн, а соработуваат со повеќе психолози експерти во различни области.

Разговор.мк е достапен за корисниците на Android и iOS оперативните системи.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top