0 коментари 2 мин. читање

Надополнето: 1 милион симнувања на Skype за iPhone

{mosimage} (30.03.2009) За да си го прошири бизнисот и да не биде врзан само за компјутерите, Skype, компанија базирана во Луксембург, а купена од eBay во 2005, ги нуди своите услуги на iPhone и Blackberry. Звучи малку чудно – телефонска апликација на телефон – но од Skype велат дека тоа е идеја на нивните 400 милиони корисници, кои уживаат во бесплатните и ефтини телефонски повици преку популарниот VoIP сервис.

„Ова е барањето број 1 од нашите корисници кои сакаат да го овозможиме Skype за iPhone“ рече Скот Буршслаг еден од менаџерите на Skype, кој најави на CTIA годишниот саем за мобилни во Лас Вегас дека апликацијата за iPhone ќе биде достапна од вторник. Истата апликација ама за BlackBerry ќе биде достапна во мај.

{mosimage}

Aпликацијата на Skype ќе биде бесплатна и ќе дозволи бесплатни разговори меѓу Skype корисниците, а ќе се наплаќа за разговори кон традиционалните телефони, вклучувајќи ги и мобилните. Исто како што Skype работи и сега.

Листата на контакти ќе биде автоматски надополнета со броевите кои веќе постојат на телефонот, наместо да се внесуваат одново, што е фино, но недостасуваат некои опции како говорна пошта, трансфер на фајлови и видео. Исто така разговорите преку апликацијата на мобилен ќе функционираат само со Wi-Fi мрежа, иако чатот ќе биде достапен преку соодветните мрежи на iPhone, односно Blackberry, што од гледна точка на операторите е доста разбирливо да се постави одреден лимит на Skype.

"Размислуваме внимателно и за видео разговорите, но мора да има висок квалитет и треба да видиме како ќе функционира со другите апликации на iPhone. Ако го правиме тоа, ќе го правиме како што треба“ рече г-дин. Буршслаг на прашањето што ќе се случи со видео разговорите кои стекнаа огромна популарност меѓу Skype корисниците.

Апликацијата ќе работи и на Nokia телефоните, како и на телефоните базирани на Android, оперативниот систем на Google, и Windows Mobile на Microsoft Corp. Инаку Sкype не е првиот VoIP сервис кој се појави на мобилните, тука се Nimbuzz и Fring.

Надополнување 07.04.2009:
Skype апликацијата за iPhone за само 48 часа е симната милион пати, според Петер Паркес кој го води блогот на Skype. Тоа е 6 симнувања секоја секунда што поставува нов рекорд за најбрзо симнувана iPhone апликација. Нормално истата апликација е и број 1 на листата на бесплатни апликации. Тоа исто значи дека Skypе го имаат 3% од 30 милиони iPhone телефони продадени низ светот.

Интересни бројки што покажуваат за популарноста на Skype. Но телефонската индустрија не им се радува. T-Mobile веќе го забрани Skype на своите мрежи (WiFi и 3G) во Германија, а според правилата на 02 во В. Британија Skype е забранета апликација.



Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top