Пиратски верзии vs. премиери

во Веб

{mosimage}Се уште незавршениот филм X-Men Origins: Wolverine, се појави на битторент сајтовите. Многумина мислеа дека се работи за шега, бидејќи копиите на незавршениот филм се појавија на 1 Април. Но се виде дека станува за ДВД квалитет на филмот кој е 3 недели одалечен од официјалната премиера. Кога зборот се рашири, пиратската верзија се симна 1 милион пати.

Веднаш кога се откри дека незавршената верзија на X-Men е достапна, 20th Century Fox објавија официјална изјава:

„Минатата ноќ, украдена, незавршена и рана верзија на X-Men Origins: Wolverine беше постирана нелегално на вебсајтовите. Таа верзија е без многу ефекти и и фалат сцени, звук и музика. Ние веднаш ги контактиравме властите и ја тргнавме верзијата. Форензички ги маркираме сите наши содржини за да подоцна може да ги препознаеме и да ги откриеме изворите кои ја прават соржината достапна или ја симнуваат. Изворот на оригиналното „протекување“ и сите други подоцнежни постирања ќе биде гонет законски — судовите досега издале голем број криминални одлуки за такви чинови“ пишува во официјалната изјава на 20th Century Fox.

Под „властите“ се мисли на ФБИ кој работи на случајот да откријат кој е изворот на видеото. Меѓутоа сега по 1 милион симнувања, скоро е невозможно тоа видео да се тргне од интернет.

Но дали постирање на незавршено видео на интеренет е толку сериозно да 20th Century Fox се заканува со „судови и законско гонење“. Колку реално може оваа незавршена копија да му наштети на профитот кои тие го планираат од овој филм. Или пак колку таа копија може да послужи како промотивна алатка.

Еве интересна анкета „Дали незавршениот X-Man го наруши успехот на филмот?“ извршена од TorrentFreak за тоа што мислат корисниците и фановите за ова. Интересно е што иако TorrentFreak е сајт кој е на страна на пиратеријата сепак поголемиот дел рекле дека „ова ги заинтересирало да одат во кино и да го гледаат филмот“.

{mosimage}



Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk