Конечно! PayPal на својот блог објави дека доаѓа на уште 10 нови пазари, меѓу кои и Македонија, Камерун, Белорусија, Монако, Црна Гора, Нигеријa и Парагвај. Финансискиот сервис сега е достапен за безбедна трговија со едно копче на вкупно 200 пазари во светот.
Македонците ќе имаат пристап до сајтот за глобална трговија, но во првата година ќе можат да го користат само за купување од онлајн продавници кои го поддржуваат PayPal. За жал, локалното плаќање и префрлување на пари нема да биде дозволено.
Зошто дури сега? Според PayPal, потребно е време за да се подготват да влезат на нови пазари бидејќи „ние си го сфаќаме менаџирањето на туѓи пари многу сериозно“. Но, тие исто така веруваат на побарувачката „за побезбеден начин на купување на глобалната онлајн револуција“.
Коментари
8 коментари
Коментарите се затворени.