САД сега ќе дозволи високо-квалитетни сателитски снимки во Google Maps

Avatar img-thumbnail img-circle

во Свет

Google, Bing или Apple Maps, наскоро на своте корисници ќе можат да им понудат поквалитетни мапи. Досега на овие сервиси им беше забрането да прикажуваат слики на кои се гледаат објекти кои се помали од 50 сантиметри, но сега властите во САД донесоа нова одлука со која ќе им се дозволат сателитски фотографии со поголема резолуција.

Предвидувањата за квалитет одат дотаму што експертите за ВВС велат дека корисниците би требале да се загрижат за својата приватност, а тука се и прашањата за национална безбедност кој ќе треба да се разгледаат. Сепак дел од локациите кои се осетливи ќе останат како и досега замаглени.

Неколку компании производители на сателите помеѓу кои Dirty Globe и Worldview-3 ги најавија новите сателите со резолуција која ќе овозможи на сателитските слики да се забележуваат поштенски сандачиња или шахти. „Порано за мапи со ваква резолуција беше потребно да се прават фотографии со авиони. Ова е скап, долготраен процес кој е дополнително ограничен со забраните за лет“, вели Џефри Тал од Dirty Globe.

Знаејќи ја оваа вест, сега веќе не е изненадување што Google неодамна зза сума од 500 милиони долари во кеш ги купи Skybox Imaging.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments