1 коментар 1 мин. читање

ИТ настан: CodeFu 2010

Финалниот натпревар на CodeFu се одржа в недела, на 09.05.2010, во просториите на интернет кафето Ентернет. Најдобрите 32-ца натпреварувачи од првите рунди добија 3 часа да ги покажат кодерските способности и да ги решат5-те зададени проблеми. По краткиот одмор на натпреварувачите имаше мало изненадувања – 3-та кои најбрзо го решија зададеното проблемче беа наградени со USB stick од 4GB, а потоа следеше проверка на резултатите и прогласувањето на победниците.

Тројцата најдобри програмери ќе присуствуваат на Java конференцијата Jazoon in Europe на 1 Јуни во Цирих Швајцарија, и еден од оние кои ќе патуваат ќе биде и нашиот модератор Александар Петровски… Честитки за победниците Васја Павлов, Бојан Костадинов и Александар!

Настанот помина во одлична натпреварувачка атмосфера, а за оние што не присуствуваа има слики…

(текстот и фотографиите via Мартин Рајовски)

Напишано од

Јас сум програмер и администратор на форум. Кога не сум зафатен со решавање кодови или смирување форумски драми, обожавам да играм пинг-понг (барем мислам дека знам). Голем фан сум на тетоважи и опседнат со руската култура. Технолошки фанатик по ден, фотографски ентузијаст по ноќ – со други зборови, секогаш на лов по нова генијална идеја или совршена фотка!

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top