0 коментари 1 мин. читање

Залепете си реквизити на лицето со македонската Ridicolo; сега достапна и за Android

Забавната апликација Ridicolo на македонските програмери WebFactory покрај iOS верзијата за која веќе пишувавме во „Апликации на денот“, сега доби и своја Android верзија. Минимална верзија на Android оперативниот систем потребна за апликацијата е 4.0 и основната верзија е достапна бесплатно.

Идејата зад Ridicolo е да се направат „досадните фотографии позабавни“. Aпликацијата го детектира лицето на фотографиите на корисникот и овозможува „лепење“ цртани ефекти на сопствениот или на ликот на пријателите. Така нa пример ќе биде можно да си ја залепите фризурата на Елвис, пиратска шапка, викингшки шлем и се разбира мустаќи и очила! Дел од ефектите се отклучени од почетокот, а постои можност и останатите да ги отклучите бесплатно.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top