Стивен Пауер доби ново лице благодарение на 3Д-принтерите

во Свет

Благодарение на технологијата за 3Д принтање, Стивен Пауер успеа – со ограничувања – да си го врати својот нормален живот. Г. Пауер преживеа сериозна несреќа со својот мотор, со која се здоби со искршеници на носот, горната вилица, черепот, повреди кои му оневозможија да функционира нормално. Но, со помош на лекарите од болницата Morrison во Свонси, и нивната храбра одлука за прв пат да користат 3Д-испринтан модел со кој го реконструираа лицето на г. Пауер, квалитетот на неговиот живот сега е значително подобар.

„Ја забележав разликта веднаш штом се разбудив… Мило ми е што е развиена ваква технологија која овозможува да ги вратат работите на своето место, на начин што сега е совршено… Се надевам дека сега нема да треба да се маскирам – нема да морам да се кријам. “, изјави г. Пауер за BBC.

Иако 3Д-принтани делови и претходно се користеа во медицината, ова е прв пат да се користат специјално изработени персонализирани модели, водичи, плочки и импланти за реконструкција долго време по несреќата. Лекарскиот тим искористи компјутеризирана томографија (КТ-скен), за да креира симетричен 3Д-модел на черепот на г. Пауер за кој потоа беа направени и дополнителни држачи, водичи и плочки. Врз база на 3Д-моделот во Белгија е испринтан модел од медицински титаниум кој се искористи за фиксирање на искршените коски. Оваа процедура овозможи да се отстрани нагаѓањето кое претставива проблем при реконструкцијата.

Операцијата траеше 8 часа, при што првиот тим лекари со помош на 3Д-испринтаните водичи мораше повторно да ги искрши деловите кои не беа зараснати правилно пред лицето да биде ремоделирано. „Мислам дека е неспоредливо, резултатите се во сосем друга лига со се што имаме направено претходно… Ова ни овозможува да бидеме попрецизни. Сега сите ќе мора да размислуваат на овој начин, нагаѓањето нема да биде доволно добро“, вели максилофацијалниот хирург Адријан Шугар.

[youtube]Ykogp9GmQ7k[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
томе
томе
12 years ago

‘‘скулата‘‘…………….. озбилно !?

види ги сите огласи на kariera.it.mk