0 коментари 2 мин. читање 2 јануари, 2014

Над 24 милиони луѓе бесплатно учат програмирање преку Codecademy

„Програмирањето го држи клучот“, вели Зек Симс за Wall Street Journal, откривајќи дека сега над 24 милиони луѓе се регистрирале за бесплатните курсеви на Codecademy. Оваа бројка е три пати повеќе од осумтте милиони корисници кои едукативниот сервис ги имаше по првата година. Codecademy нуди лекции по HTML, JavaScript, Python и други програмерски јазици за почетници, со цел да го понуди најдоброто едукативно искуство преку веб. Од неодамна сервисот има и своја прва мобилна апликација за брзо учење на основите на програмирањето.

Дваесет и три годишниот основач во интервјуто за WSJ вели дека програмерските вештини можат да им помогнат на луѓето исто како што дипломата им помагаше на претходните генерации. Со тие вештини и помладите и постарите ќе можат полесно да се снајдат во се подигитализираниот свет.

„Ве учи како да размислувате. На истиот начин како што предаваме математика, предаваме англиски јазик, тие се груба рамка за како да оперирате. Размислување за работите во серија на чекори кои се повторуваат, и кои може да се автоматизираат и да се искористи технологијата, е новиот начин на размислување. Разбирањето како вашиот телефон работи, или како Интернетот работи – или подобро, како да решите проблем – се вештини кои се тешки да се предадат“.

[youtube]sf5-G2hrb8c[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top