Култниот филм Reservoir Dogs е прераскажан преку 15 Twitter профили

0 коментари 2 мин. читање

Петнаесет Twitter профили и 1.125 твитови беа потребни за култниот филм на Квентин Тарантино, Reservoir Dogs (или Касапски Кучиња на македонски), да биде одигран целосно на Twitter.

Репликите од филмот се твитани од последната кон првата за да може правилно да се читаат, а целото сценарио може да го прочитате на профилот ReservorDogs_. Филмот е еден од првите филмови на Квентин Тарантино, и еден од филмовите кои го прославија како режисер и сценарист кој има свој уникатен стил. Покрај г. Тарантино во филмот се појавуваат и Харви Кител, Тим Рот, Мајкл Медсе и Стив Бушеми.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top