2 коментари 1 мин. читање

Hobbit е најпиратираниот филм во 2013-та; кои од другите на топ 10 листата не сте ги симнале се уште?

Eпската авантура на Питер Џексон, The Hobbit: An Unexpected Journey, е најпиратираниот филм во 2013-та година со над 8,4 милиони симнувања. На второ место е Django Unchained на Квентин Тарантино со 8,1 милиони симнувања, а потоа следат Fast And Furious 6 и Iron Man 3, oбјави Torrent Freak. Листата е соберена од торент сајтовите, но не ги вклучува сајтовите кои стримаат нелегално или кои се затворени, односно за кои треба пристап и лозинка, што значи дека бројките се повисоки.

Блогот пишува дека „пиратеријата останува популарен избор за филмови кои не се достапни за симнување или стримање поради поместување на датумите за објавување [на различни платформи]“. Но, вели и дека пиратеријата не штети на заработувачката на филмовите, бидејќи Hobbit има веќе направено над една милијарди долари приходи. Вкупно филмовите имаат направено над 11 милијарди долари во САД, што е всушност рекордна година.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top