0 коментари 1 мин. читање

Македонските твитерџии твитаат по 31.000 твитови на ден

Facebook е доминантна мрежа во Македонија, но твитерџиите иако ги има далеку помалку, сепак се неуморни во пишување твитови и креирање на јавното мислење. Само во последните шест месеци се напишани околу 5,7 милиони твитови, покажува статистиката на Time.mk/twitter кој следи околу 59.265 профили, од кои 9,915 се македонски. Споделени на Twitter и Блогираме наградите, статистиката покажува дека твитерџиите можеби претеруваат со твитањето, но и дека бројките само ќе продолжат да раснат како што се зголемува бројот на твитерџии. Еве ги статистиките:

  • Околу 9,915 македонски твитерџии;
  • 5.704.574 уникатни твитови во последните шест месеци;
  • или 950.762 твитови месечно;
  • или 31.344 твитови дневно, од кои македонските портали твитаат околу 4.000 твитови;
  • или 1,306 твитови секој час;
  • или околу 22 твитови во минута!

Нa Time.mk/twitter ќе може да ги најдете најпопуларните твитови во последните 6 часа, но доколку сакате да дознаете повеќе за кој има најмногу следбеници, најмногу твитови, или е највлијателен тогаш вреди да ја разгледате презентацијата на Игор Трајковски.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Мени
Заедница
Изглед
To top