0 коментари 2 мин. читање 6 декември, 2013

Мобилниот текст едитор Quip пристигна и на Android

Текст едиторот за преносни уреди Quip конечно ја доби својата Android верзија. Верзијата за Android доаѓа четири месеци по iOS изданието, и е достапна за таблет компјутерите како Nexus 7 и Nexus 10, известува Gigaom. Креатор на Quip е Брет Тејлор, поранешен директор за технологија во Facebook. Текст едиторот е пред се наменет за заедничка обработка на документи, на кој можат да соработуваат повеќе автори, но во случај на бесплатната верзија не повеќе од пет корисници. Верзијата за бизнис корисниците чини 12 долари месечно по корисник, а бројот на корисници кои може да соработуваат на текст во овој случај е 250.

„Го напуштивме концептот на фајл. Го креиравме документот како колекција на целосно независни параграфи. Кога ќе биде променет еден дел не го превземате целиот документ, поради ова различни корисници можат да го менуваат текстот во различни параграфи. Станува збор за разбирање на семантиката на документот на нов начин. Секој параграф во документот, секој член од набројувањата, секоја ќелија во табелите е дискретна“, вели Брет Тејлор за Cite World.

Android верзијата на Quip има можност за инеграција со Google профилот, поддршка за различни тастатури (на пример Swiftkey), подобра интеграција со телефонскиот именик и подредени нотификации, поголем број на нотификации се подредуваат во листата за да нема премногу „гужва“ на помалите дисплеи.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top
{title}