3 коментари 1 мин. читање

Meetinger е нова македонска апликација за состаноци

Meetinger e нова македонска апликација чија цел е да го олесни организирањето на состаноци. Во моментов има две верзии, бесплатна и платена, кои се достапни за Android, а наскоро апликацијата ќе биде достапна и за iOS и на веб, вели Ана Стојкова од eWorld Community. Заедницата на ИТ професионалци вели дека дел од парите кои ќе ги заработат од Meetinger ќе ги праќаат во земјите во развој за подобрување на локалната ИТ сцена.

Апликацијата за состаноци има неколку корисни функционалности, како на пример овозможува да се испраќаат покани до учесниците, да се фаќаат текстуални и графички белешки кои се експортираат во .pdf формат, и да се креира аудио запис за да се преслуша состанокот. e-World Community најави дека работи на cloud решение за Meetinger преку кое ќе може да се синхронизираат различните уреди и веб верзијата за да може да се споделуваат сите податоци од состанокот веднаш, и да бидат достапни во било кое време.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

3 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top