Европската Комисија работи на план со кој ќе им забрани на мобилните оператори да наплаќаат за роаминг услуги, иако таа одлука ќе ги чини операторите до 7 милијарди евра, открива Guardian.
Европската Унија уште од лани започна со методолошко намалување на цените. Секој први јули од 2012-та година цените на роаминг повици и интернет во Европа паѓаат драматично. Тоа намалување ќе продолжи до 2014-та година од кога европејците да можат да изберат друг оператор кога се во друга земја, и со тоа да ги намалат роаминг трошоците и да ги држат сметките под 50 евра. Но, евро-комесарката одговорна за Дигиталната агенда на ЕУ, Нели Крус, е решена да стави крај на големите роаминг трошоци и да им дозволи на европејците да зборуваат слободно и преку границите.
Според документите кои ги виде Guardian, операторите ќе треба да понудат исти цени за домашни и роаминг разговори и интернет услуги низ цела Европа користејќи партнерства во земјите каде операторите немаат свои мрежи. Тие партнерства ќе треба да покријат до 85 отсто од популацијата во 21 земја-членка. Иако планот звучи разумен за корисниците и за ИТ индустријата која се обидува да се пробие преку границите, сепак операторите, кои се противеа и против намалување на цените за роаминг, се остри критичари велејќи дека укинувањето на роаминг цените ќе им скрати до 7 милијарди долари приходи.
Г-ѓа. Крус често на јавни настапи потенцира дека треба да се креира единствен европски телеком пазар. Taa го искоментира проблемот со скапиот роаминг и во неодамнешен говор за европската економија за апликација, која иако не постоеше пред пет години, до денес отвори скоро 800.000 работни места, од кои 60 отсто се за програмерите, и вреди над 10 милијарди долари. Заедно со тој извештај, беше споделен и стартап манифестот на Комисијата во кое се бара поддршка за развивање на стартап сцената во Европа.
EU app economy worth 800,000 jobs, €10bn+ in revenues. How can we stimulate it? http://t.co/pvXkwazM8b #ConnectedContinent
— Neelie Kroes (@NeelieKroesEU) September 4, 2013







