1 коментар 1 мин. читање

Апликација на денот: Покажете им на пријателите дека ја поддржувате Windows Phone платформата

Со цел Windows Phone корисниците да ја подобрат својата само-промоција, Дејвид Кимбел, корисник на Reddit го креираше својот мал сервис Tile me, со кој корисниците може да додадат лента над својата фотографија на која стои пораката Me.

Идејата, позајмена токму од г. Кимбел, беше претворена во мобилна апликација од момците од InfiniteLoop, македонски стартап за развој на Windows Phone апликации. Покрај стандардната опција за прикачување на фотографија, Tile Me нуди и менување на текстот и бојата на позадината на лентата.

Tile Me! можете да ја преземете од Windows Phone Store, а достапна е и платена верзија која поддржува фотографии со висока резолуција и истата чини 0,99 долари.

Напишано од

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top