„Google конечно призна дека нема почит за приватноста“, e веста која погрешно ја презентираа најголем дел од медиумите кои гo проголтаа извадениот од контекст и целосно погрешно протолкуван дел од барањето на Google за распуштање на тужба против компанијата.
„Како што испраќач на писмо до бизнис колега не може да биде изненаден што асистентот го отвора писмото, луѓето кои испраѓаат имејл не можат да бидат изненадени ако поштата им е процесирана од провајдерот на оваа услуга. Навистина лицата немаат право на легитимно очекување на приватност доколку своеволно се обраќаат не трета страна.”, стои во барањето.
Иако ова не е прв пат компанијата да биде нападната кога е во прашање приватноста на корисниците, овој пат причината за нападите е преувеличена, тврди The Verge. За почеток контроверзниот параграф не се однесува на корисниците на Gmail, кои потпаѓаат под договорот за приватност што го „потпишуваат“ кога започнуваат да го користат сервисот. Напротив, параграфот кој ја предизвика галамата е всушност сместен во делот за „тужители кои не го тужат Gmail“ делот.
Проблемот е што во правосудниот систем на САД веќе постои преседан кој се темели на оваа одлука, а тоа е случајот од Врховниот Суд – „Смит против Мериленд“. Според овој случај судот веќе одлучил за одговорноста на компаниите кога станува збор за одговорност на трета страна. Пресудата вели дека „личноста нема легитимно право да очекува приватност на информација ако доброволно ги преда податоците на трета страна“. Доколку судот веќе донел одлука за иста тужба, поставен е преседан по кој сите следни тужби ќе добијат иста одлука, се разбира доколку во иднина нема друг преседан. Токму ова е основата на која се темели барањето на Google за поништување на случајот.
„Точно е дека Google мора подобро да комуницира и да спроведува чекори за подобрување на приватноста на корисниците, особено бидејќи има се повеќе податоци за секој човек на планетава. Факт е дека и Смит против Мериленд е надминат закон – Врховниот суд незанаел за Интернет и паметни телефони во 1979. Паничарите имаат доволна причини за загриженост, но повикување на линч без да се разберат 500 зборови од легислативата e претерано. Се надеваме дека ќе го избегнеме ова.“, вели The Verge








