0 коментари 1 мин. читање

Facebook ги додаде #хаштаговите во својата iOS апликација

Facebook ја надогради својата iOS апликација за да може да пребарувате и кликате на #хаштагови. Хаштаговите беа додадени на мрежата пред еден месец и функционираат исто како кај Twitter и Instagram. Нивната цел е да ја насочат дискусијата, односно на Facebook ги групираат постовите на исти теми. Пример, ако пребарувате #македонија ќе видите куп постови кои корисниците ги означиле со тој хаштаг. Но, проблемот со хаштаговите е што корисниците мора да ги внесуваат за да функционираат, односно да групираат теми.

Покрај поддршката за #хаштаговите, новата iOS верзија доби можност за резервација на ресторани преку фан страните, но за жал таа опција е достапна само во САД.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top