0 коментари 2 мин. читање 13 август, 2013

Box за Android додаде поддршка за повеќе профили и офлајн едитирање на фајлови во реално време

Веб складиштето Box објави нова верзија на својата Android апликација која има интересни новини што, според нас, ќе им се допаднат на сите корисници на сервисот. Доколку не сте запознаени со Box, тоа е сервис како Dropbox, Google Drive, SkyDrive, iCloud и куп слични други веб складишта кои овозможуваат складирање на фајлови и фотографии во облакот за да може да им пристапите во било кое време од било кој мобилен уред или десктоп компјутер. Предноста на Box пред другите е што е едноставен и брз за користење, и би ја препорачале пред сите други складишта освен пред Dropbox.

Новата Android верзија нуди поддршка за пристап до складиштето преку повеќе профили; редизајниран фид на кој се прикажуваат вести за промените на фајловите во облакот, пример ако едитирате заеднички документ со друг корисник; поддршка за промена на големина на Android виџетот; подобра организација на фајловите во фолдери преку мобилниот интерфејс и додадено е офлајн едитирање во реално време на фајлови.

[youtube]_oF1ajq66B4[/youtube]

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top