Се чини дека е ставен крајот на политичката криза во Македонија, дознаваме од Twitter профилот на еврокомесарот за проширување Штефан Филе кој заедно со евро-парламентарците Ричард Ховит и Јиржи Бузек пристигнаа во Македонија да се сретне со политичките лидери Никола Груевски и Бранко Црвенковски.
Целта на оваа средба е да се смират тензиите по инцидентите во Парламентот од 24 декември, и да се дојде до разумно решение на кризата со отворање на дијалог помеѓу двете политички партии. Г. Филе претходно предупреди дека бојкотирање на изборите од страна на опозицијата и недоличното однесување на властите ќе можат да доведат до прекин на договорите за влез во Европската Унија. Преговорите требаше да започнат
Good deal for fYRo Macedonia:our mission with @richardhowitt & @jerzybuzek in Skopje helped political leaders 2agree way out of crisis
— Štefan Füle (@StefanFuleEU) March 1, 2013
Лево има плагин кој ги покажува петте најчитани вести во последнава недела. Оваа вест е најчитана. Тоа ви кажува дека има различна публика и дека секако ќе се обидеме да креираме најразлична содржина за да го задоволиме сечиј вкус. Ако не ви се чита за како политиката ги користи друштвените мрежи, објавивме тон други вести за мобилни телефони, хардвер, веб сервиси… Се трудиме да има избор. :)
Можеби е најчитана затоа што сите се чудат што по ѓаволите бара ваква тема на овој портал.
Искрено, јас баш заради тоа кликнав на темата. ;)
Не мора за политиката во државава и тука да читам. Таман го наместив тиме.мк да ми ги филтрира политичките вести. Тие и тука ке се појават.
Што е ИТ-то во оваа вест ? Тоа што е искористен Твитер како медиум за споделување на вести или нешто друго ?
Замисли си некој портал за електроника да почне да објавува вести од политичките случувања во МК, само заради тоа што тие вести биле објавени преку телевизор… Се гледа дека немаат идеи за што да пишуваат.