eRecyclingCorps замени 10 милиони стари телефони со нови

Во текот на минатата година 1,7 милијарди луѓе се здобиле со нови мобилни уреди, додека 10 милиони завршиле како е-отпад и биле заменети со нови од eRecyclingCorps.

eRecyclingCorps соработуваат со пет од најдобрите седум мобилни оператори во САД и на корисниците им нудат посебен попуст за новиот телефон, доколку се одлучат да се откажат од својот стар уред. Извршниот директор на eRecyclingCorps, Дејв Едмондсон, на Mobile World Congress истакна и дека само 1 процент од уредите во светот и 10 посто во САД се рециклирани или реупотребувани.

Цената на стариот телефон се проценува според неколку прашања кои им се поставуваат на корисниците откако ќе отидат да го рециклираат својот телефон. „Дали работи? Дали има добар LCD? Дали нешто е расипано?“ и слично, по што се проценува цената на стариот телефон. Старите телефони завршуваат во фабрика, каде што се бришат сите податоци и се тестираат телефони дали би можеле повторно да бидат во употреба. Доколку поединечни компоненти се оштетени, тие се заменуваат со нови, па се инсталира надограден оперативен систем и сè останато што е потребно од мобилниот оператор. Телефоните кои не може повторно да бидат пуштени во употреба, тие се рециклираат. Сепак, дури 80 отсто од е-отпадот е рециклиран и пуштен во повторна употреба.

Се прашувате што се случува со обновените телефони? Изненадувачки, дури 50 посто од нив се препродаваат како осигурителна замена, за припејд програмите или се користат од операторите за да добијат нови клиенти за многу пониска цена.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments