0 коментари 1 мин. читање 29 јануари, 2013

Pinterest најави редизајн со полесна навигација и поголеми слики

Pinterest најави дека тестира нов дизајн со мал број на корисници за да се собере нивниот фидбек првин, а потоа да се испегла и објави. Иако друштвената мрежа има свој уникатен и препознатлив дизајн кој сосема одговара за купиштата слики и кул работи кои се споделуваат со еден „пин“, сепак новите промени се наменети да ја олеснат навигацијата на сајтот за полесно наоѓање на интересни пинови.

Најголемата промена се секако поголемите слики на пиновите, кои доаѓаат со повеќе информации т.е. опис на сликата. Од десната страна ќе бидат поставени сите слики од тој „board“, но и тие слики кои се слични на таа што ќе ја гледате, со надеж дека ќе скокате од борд на борд во потрага по одреден продукт. Pinterest веќе има добра интеракција помеѓу корисниците и брендовите, интеракција која ќе сака да ја продлабочи со новиот дизан.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top